Љупчо-Далга: Дали ние му сметаме на УНЕСКО, или УНЕСКО ни смета нам? (ВИДЕО)

Годишниот извештај на УНЕСКО за Охридското Езеро кое е под нивна заштита и забелешките кои се во извештајот ја разбранија охридската туристичка јавност и ја поделија во своите ставови. Препораката дека треба да се рушат сите дивоградби, без селекција, предизвика бурни реакции кај долгогодишните угостители, но и кај охриѓани.

Делот на потегот со најстарите угостителски објекти кој се протега од Св. Канео до пристаништето во Охрид е преполн со угостителски објекти кои, според УНЕСКО, се предмет на дискусија дека се дел од дивоградбите и дека треба да се рушат.

Екипата на „Слободен печат“ викендов беше во Охрид каде се обиде да добие одговор од граѓаните што тие мислат за овој проблем, но не наидовме на добра воља за разговор. Решивме да посетиме неколку угостителски објекти и го сретнавме сопственикот на ресторанот „Далга“ кој е еден од оние угостителски објекти за кој може да се каже дека скоро и да нема дипломат кој не го посетил. Секако, тоа подразбира дека и самите претставници на УНЕСКО биле гости кои никогаш немале забелешка за ништо.

На прашањето за актуелната ситуација, меѓу другото, тој прашува дали се сеќаваат „Унесковци“ како изгледаше пред триесет години потегот на градското крајбрежје и зошто никогаш никој не наоѓал забелешки? Тој вели дека ни УНЕСКО, ни градот, ни државата нема решение ниту сила да го реши проблемот. Генералното прашање кое отвара многу потпрашања е „дали Унеско ни смета нам, или ние му сметаме на Унеско“. Дали пандорината кутија во Охрид допрва ќе се отвара?

Разговорот со Љупчо Далга слушнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот