Лумперајка до наутро! Вељко Ражнатовиќ славеше ергенска, Цеца пееше качена на стол (ВИДЕО)

Вељко Ражнатовиќ

Вељко Ражнатовиќ ќе се жени во недела на 24 ноември, а синоќа во вилата на Дедиње ја прослави ергенската вечер.

Откако неговата идна сопруга со која чека дете, Богдана во средата ја направи својата ергенска вечер и Вељко славеше до раните утрински часови и тоа во куќата во која ќе живеат.

Фото: Принтскрин

Забавата траела до утрото, а на неа присуствувале повеќето од пријателите на Вељко, а забавата не ја пропуштила ниту неговата мајка Цеца.

Во еден момент Вељко и Цеца се нашле заедно на столица пеејќи ги нејзините најголеми хитови.

Најгласни биле хитовите: „Горе од љубави“, „Хилјаду разлога“, „Наговори“, „Личиш на мога оца“..

Исто така имало и огромен огномет пред вилата, а како што кажавме, славењето траело до утринските часови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот