Љуљета Адеми од Македонија, првата жена со инвалидитет која го искачи Триглав (ФОТО)

Фејсбук

На највисокиот словенечки врв Триглав, за прв пат се искачи жена со инвалидитет. И токму таа жена, која успеа да се искачи на 2864 метри, е од Македонија. Станува збор за Љуљета Адеми, која преку статус на социјалните мрежи го потврди овој успех.

Фејсбук

Пишува дека тоа било извонреден, но и многу опасен предизвик. „17 часа кaчување, спуштање, болка, страв, замор, но со железна воља успеав”, напишала Адеми меѓу другото на Фејсбук, објавувајќи и слики од настанот.

Фејсбук

Таа порачува дека во животот секој човек треба да има сон, или да стане дел од сон, од визија, но ниеднаш не треба да седи пасивен.

Фејсбук

Водич на Адеми при оваа искачување бил Мишко Танески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот