Лулашки на единство на ѕидот на Трамп

На мексиканско-американската граница беа снимени и деца и возрасни како се нишаат на розеви лулашки. Лулашките се инсталација на двајца американски професори, чија цел била единство помеѓу поделените страни.

Лулашките се поставени во близина на градовите Ел Пасо во Тексас и Сиудад Хуарес во Мексико и се дело на професорите Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело.

-Лулашката буквално претставува столб кој ги држи заедно двете земји. Настанот донесе радост, заедништво и возбуда на граничниот ѕид. Ова, исто така, покажува дека акциите што се прават на една страна имаат директни последици по другата страна, изјави Раел.

Откако стана претседател, Доналд Трамп се обидува да изгради ѕид долж границата, за што деновиве Врховниот суд му одобри 2,5 милијарди долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот