Луксуз од 24 карати: Позлатен хотел за гости со екстравагантен стил (ВИДЕО)

Instagram

Во Ханој, главниот град на Виетнам е отворен хотел за гости со ектравагантен стил – бидејќи сè во хотелот е направено од злато.

Златниот хотел, „Долче Ханој Голден Лејк“ (Dolce Hanoi Golden Lake), има пет ѕвезди и на посетителите им нуди позлатени базени, делови од приватните простории, како и тоалети изработени од злато.

Instagram

Бидејќи земјата се отвора по повеќемесечна пауза од пандемијата на вирусот ковид-19, сопствениците на хотелите сакаат да презентираат досега невиден луксуз, не само во Виетнам, туку и во светот.

Instagram

За украсување на хотелот, кој е во сопственост на групацијата Хоа Бин и управуван од корпорацијата Виндхам со седиште во САД, употребено е над еден тон злато од 24 карати.

Instagram

Интересен факт е што една ноќ чини 250 долари, што е во опсегот на сите хотели и не отстапува во висината на сумата. За разлика од останатите хотели кои нудат луксуз во форма на мермер и скапоцени материјали, овој хотел нуди ексклузивно, чисто злато.

 

Погледнете го позлатениот хотел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот