Луксембург стана првата земја во светот со целосно бесплатен јавен превоз

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Во Луксембург инаку живеат преку 600.000 жители. Но, околу 214.000 работници патуваат секој ден на работа од соседните земји како што се Германија, Белгија и Франција.

Властите во Луксембург денес ги укинаа картите за возови, тамваи и автобуси, за да помогнат во намалувањето на загадувањето и за да им помогнат на сиромашните граѓани, јавува „Ројтерс“. Па така, сега сите патувања со јавниот превоз во оваа мала и богата европска земја станаа бесплатни.

За споредба, досега цената годишната карта за јавниот транспорт изнесувала 440 евра. Од сега, граѓаните ќе можат да патуваат бесплатно. Ако сакаат да одат со прва класа, ќе мораат да платат годишна карта во износ од 660 евра.

– За луѓето со ниски примања или минимален доход ова е навистина важно – рече министерот за транспорт Франсоа Бауш и додаде дека една од причините за оваа одлука е и прашањето за заштита на околината.

Во Луксембург инаку живеат преку 600.000 жители. Но, околу 214.000 работници патуваат секој ден на работа од соседните земји како што се Германија, Белгија и Франција, поради што се создаваат огромни сообраќајни метежи, бидејќи поголемиот дел од нив патуваат со автомобили.

Така, и покрај овој чекор, властите во Луксембург предвидуваат дека до 2025 година и понатаму 65 отсто од луѓето и понатаму на работа ќе одат со автомобили, додека во 2017 година така на работа патувале 73 отсто од лицата.

Сега, Луксембург е првата земја на светот со бесплатен јавен превоз, иако досега некои градови како естонската метропола Талин веќе уведе бесплатен јавен превоз за ситте граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот