Луксембург со целосно бесплатен јавен превоз ќе се бори против неиздржливите метежи и загадувањето

Фото: Профимедиа

Луксембург треба да стане првата земја на светот која ќе има целокупен бесплатен јавен превоз. Премиерот Ксавиер Бетел и коалициската влада најавија дека следното лето, сите услги за превоз во возовите, трамваите и автобусите ќе бидат бесплати.

Имајќи ги во предвид долготрајните патувања и штетното влијание на издувните гасови на автомобилите по животната средина, тие се надеваат дека со овој чекор ќе ги ублажат едни од најголемите сообраќајни метежи во светот. Луксембург, кој се граничи со Белгија, Германија и Франција, има повеќе од 400.000 патници кои секојдневно доаѓаат од соседните земји.

Оваа година, Луксембург започна да нуди бесплатен превоз за младите од 20 години. Средношколците исто така можат бесплатно да се возат до училиште и назад до дома.

Како што пренесува „Гардијан“, патниците сега плаќаат две евра за најмногу два часа возење, што ги покрива речиси сите патувања во оваа мала европска земја.

Почнувајќи од 2020 година, сите билети ќе бидат укинати заради заштеда при наплатата на карти и опрема за купување на карти.

Меѓу членките на ЕУ, Луксембург е една од земјите со најмногу автомобили по глава на жител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот