Луксембург нуди стипендии за магистерски студии на студенти од Балканот

Европскиот институт за јавна администрација (ЕИПА), со седиште во Луксембург, соопшти дека нуди стипендии за учество на Мастер по европски правни студии (МЕЛС Онлајн) 2021-2023 година, кои им се достапни на кандидатите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.

Според Министерството за надворешни работи на Луксембург, целта на стипендијата е да им овозможи на шест квалификувани кандидати, кои веќе ја започнале својата професионална кариера, да учествуваат во магистерска програма по европски правни студии во Луксембург.

Мастерот по европски правни студии (МЕЛС Онлајн) е понуден од ЕИПА во Луксембург, во партнерство со Универзитетот Лорен во Франција.

Мисијата на ЕИПА е да обезбеди висококвалитетни курсеви за обука за развој на капацитетот на професионалци, национални и регионални јавни администрации кои се занимаваат со работи на ЕУ, како и европски институции.

МЕЛС Онлајн е студиска програма прилагодена за усогласување со постојните професионални одговорности на студентите, а завршувањето на програмата може да биде совршена можност за следниот чекор во професионалната кариера.

Програмата е дизајнирана да постигне две главни цели – да обезбеди знаење за основните прашања во основата на процесот на европска интеграција и да понуди постепена и поголема специјализација во широко поле на европското право, со цел да им овозможи на студентите на практичен начин да се справат со правни прашања.

За шест студенти, стипендијата опфаќа целосна школарина, вклучително и пристап до сите сесии на Интернет и материјали за учење на далечина.

Корисниците на стипендии, исто така, ќе добијат помош за патни трошоци во текот на две академски години за осум патувања во Луксембург во износ до 4.900 евра, како и финансии за дневни трошоци во Луксембург во текот на посетата на курсевите, кога ќе бидат укинати ограничувањата за патување поради коронавирусот.

Крајниот рок за аплицирање за стипендии е 14 мај во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот