Луксембург ги ублажува мерките и на граѓаните им дели маски

Во Луксембург досега се потврдени 3.550 случаи на заразени со коронавирусот, и 73 смртни случаи. 

Властите во Луксембург денеска почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати за борба со новиот коронавирус, но воведе задолжително носење маски во затворени простории како и во градски транспорт и продавници.

Луксембург / март 2020 / EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Локалните власти почнаа со кампања за раздавање по пет маски за човек на 626-те илјади жители на државата.

Војници раздаваат маски на паркинг во близина на аеродромот EPA-EFE/JULIEN WARNAND
EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Премиерот Ксавиер Бетел изјави дека Луксембург има залихи од 6-7 милиони маски.

Во првата фаза на ублажување ќе се отворат градилиштата, општински центри за рециклирање, продавниците за покуќнина и градинарските центри, додека следниот месец училиштата ќе почнат со работа постепено, но учениците ќе одат на училиште наизменично за една недела, а следната ќе учат од дома.

Во Луксембург досега се потврдени 3.550 случаи на заразени со коронавирусот, и 73 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот