Лукашенко: Зајакнување на границите не значи создавање железна завеса

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Неопходно е да се зајакне безбедноста на белоруската граница со Полска, балтичките држави и Украина, воздржувајќи се од изградба на железна завеса, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

– Направивте многу кога реков дека треба да ја затвориме границата, рече Лукашенко и додаде дека затворањето на границата не значи нејзино претворање во железна завеса, и тоа никој не го сака тоа.

– Границата е област каде луѓето се дружат, но, гледате дека бевме предизвикани. Тоа нема никаква врска со пријателството, но луѓето не се виновни за тоа, рече Лукашенко.

Тој истакна дека Белорусија отсекогаш била силна бариера за Полјаците, Литванците, Летонците, па дури и Украинците.

– Никогаш не дозволивме никого или на ништо да помине. Што сакаат тие од нас? праша претседателот на Белорусија.

Тој исто така ја истакна потребата од зајакнување на безбедноста на границата како резултат на зголемувањето на случаите со коронавирус.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот