Лукашенко: Зад протестите стојат западните земји

Протести во Белорусија, девојка порадува букет цвеќе на полициската гарда/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Лукашенка ги обвини и независните и странските медиуми со програми за Белорусија дека работат на поткопување на довербата на луѓето во државата, во време на пандемија на коронавирусот.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека анализата на неодамнешните настани покажала дека западните земји подготвуваат протестни митинзи веќе 10 години, јави агенцијата БелТА.

„Анализата на случувањата ги покажува вистинските планови и тактики на странските агресори против Белорусија, не само противниците”, наведува агенцијата, додавајќи дека шефот на државата веќе 10 години внимателно се подготвувал за актуелниоот критичен момент, заснован на обоените револуции инспирирани од Соединетите Американски Држави.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, на собирот на политички активисти, тој ги споменал САД, нивната мрежа на фондации за поддршка на демократијата, потоа Полска, Литванија, Чешка и, „за жал, нашата Украина” како главни организатори, наведувајќи дека секоја од нив има своја посебна улога.

Лукашенка ги обвини и независните и странските медиуми со програми за Белорусија дека работат на поткопување на довербата на луѓето во државата, во време на пандемија на коронавирусот.

Претседателот на Белорусија исто така најави дека ќе се одржат нови избори во согласност со новиот Устав на земјата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот