Лукашенко за Би-Би-Си: Можно е белоруските сили да им помогнале на мигрантите за да преминат во Полска

Мигранти на полско-белоруската граница
Употреба на специјална опрема од страна на полските сили врз бегалците на заедничката граница со Белорусија / Фото: EPA-EFE/LEONID SCHEGLOV

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во денеска објавено интервју за Би-Би-Си изјави дека е „апсолутно можно” неговите сили да им помогнале на мигрантите да преминат во Полска, но негираше дека биле повикани.

Во ексклузивното интервју во Претседателската палата во Минск, тој рече: „Мислам дека тоа е апсолутно можно. Ние сме Словени. Имаме срца. Нашите сили знаат дека мигрантите одат во Германија”. – Можеби некој им помогнал, нема ни да се занимавам со тоа.

Лукашенко/Белоруски мигранти/ Фото ЕПА

Сепак, тој негираше дека повикал илјадници мигранти да дојдат за да предизвикаат гранична криза.

– Им кажав дека нема да притворам мигранти на граница, да ги држам на граница и ако продолжат да доаѓаат, нема да ги спречувам повеќе, бидејќи тие не доаѓаат во мојата земја, тие одат во вашата.

– Тоа е она што сакам да го кажам. Но, не ги поканив овде. И да бидам искрен, не сакам да минуваат низ Белорусија”.

Лукашенко е на власт од 1994 година, но неговиот последен реизбор во август 2020 година е контроверзен и ЕУ не го признава.

ЕУ го обвинува за оркестрирање на мигрантската криза на границата со Полска, Литванија и Летонија како одговор на европските санкции за брутално задушување на протестите на опозицијата.

Најмалку 2.000 мигранти, претежно од Блискиот Исток, беа блокирани во камповите во близина на белоруската граница со Полска додека не беа преместени во блискиот логистички магацин оваа недела.

Во земјата има речиси 5.000 мигранти, иако вчера стотици се вратија во Ирачки Курдистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот