Лукашенко тврди дека војната во Украина наскоро ќе заврши и дека Западот треба да е спокоен, бидејќи Путин не сака конфликт со НАТО

Лукашенко
Лукашенко

Претседателот на Белорусија АЛександар Лукашенко во четвртокот даде интервју за „Асошиејтед прес“ во кое зборуваше за текот на војната во Украина. Тој зборуваше и за можноста за употреба на нуклеарно оружје во овој конфликт. Лукашенко рече и дека е убеден дека крајот на овој конфликт нема да се одложи толку долго, како што некои светски политичари и аналитичари тврдат и очекуваат..

„Не сум доволно навлезен во овој проблем за да кажам дали се оди според планот, како што велат Русите. Сакам уште еднаш да нагласам, дека имам чувство дека оваа операција беше одлговлекувана и се одлговлекува одложена“, рече Лукашенко за време на 90-минутно интервју во Палатата на независноста во Минск.

Лукашенко се осврна на неговата улога како посредник во овој конфликт, потсетувајќи дека првите мировни преговори се одржаа на негова иницијатива и дека тоа доволно покажува дека Минск е на страната на мирот.

“Ние категорично не прифаќаме никаква војна. Направивме се што можеме за да спречиме војна. Искрено благодарение на нас, т.е. мене, започнаа преговорите меѓу Украина и Русија. Но, за мене останува енигма зошто Украина, на чија територија се води војната, каде секојдневно умираат луѓе, не е заинтересирана за овие преговори?“, праша тој

Нуклеарно оружје
/Фото: Скриншот

Лукашенко исто така рече дека би било „неприфатливо“ да се користи нуклеарно оружје, но не може да каже дали Русија има такви планови.

„Не само што е неприфатлива употребата на нуклеарно оружје затоа што е веднаш до нас. Ние не сме преку океанот како САД. „Дали Русија е способна за тоа или не е прашање што треба да му го поставите на руското раководство“, рече тој.

Руски војници во Украина/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Лукашенко исто така за АП изјави дека „Путин не бара директен конфликт со НАТО алијансата“ и ги повика земјите околу оваа воена алијанса да дадат свој придонес за да не дојде до овој конфликт.

„Тој најверојатно не сака глобална конфронтација со НАТО. Искористете го тоа и направете се што можете за да го спречите тоа да се случи. Во спротивно, дури и ако Путин не го сака тоа, армијата ќе реагира“, рече белорускиот лидер.

Претходно оваа недела белоруската војска најави вонредни вежби кои предизвикаа загриженост во Украина. Меѓутоа, Лукашенко за АП во четвртокот изјави дека воените вежби не се организирани за да се закануваат некого.

„Ние никому не се закануваме и нема да се закануваме. Згора на тоа, не можеме да се закануваме – знаеме кој ни се спротивставува, така што тука да започнеме некаков конфликт, некаква војна со Западот, тоа апсолутно не е во интерес на Белоруска држава. Така Западот може мирно да спие“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот