Лукашенко тврди дека не му е намерата мигрантската криза на границата со Полска да ескалира во „конфликт”

Состојбата на мигрантскиот бран на полско-белоруската граница ексалира/ Фото: ЕПА

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека неговата земја не сака мигрантската криза на границата со Полска да ескалира во „конфликт”.

 

– Не сакаме никаков конфликт на нашата државна граница. Тоа е целосно штетно за нас, изјави Лукашенко, јави државната новинска агенција Белта.

Белоруската државна авиокомпанија објави дека на Сиријци, Ирачани, Јеменци и Авганистанци им се забранува влезн со летови од Обединетите Арапски Емирати на барање на Дубаи, откако Минск беше обвинет дека довел мигранти за да ги испрати во Европа.

Во изјавата до граѓаните на четирите земји објавена на нејзината веб-страница, Белавиа нагласува дека нема да им биде дозволено да пристигнуваат со летови од Дубаи до Белорусија „во согласност со одлуката на надлежните органи во ОАЕ”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот