Лукашенко распоредил војска на целата граница со Украина

Белоруски војници на вежби кај Минск - Фотографија ЕПА, Татјана Зенкович

Претседателот Александар Лукашенко изјави дека испратил воени формации долж целата своја граница, поради сознанијата дека Украина „распоредила повеќе од 120.000 војници покрај границата кон Белорусија“.

Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е „минирана како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат.

Руската инвазија врз Украина пред две години почна токму од белоруска територија, со продор кон Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот