Лукашенко прогласен за персона нон грата во ЕУ

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Водечките политички партии на Европскиот парламент во заедничка изјава го прогласија претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за персона нон-грата во ЕУ и повикаа на нови, „слободни” избори во оваа земја.

Изјавата ја потпишаа Европската народна партија, Обновена Европа, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и Зелената фракција, јавија агенциите од Брисел.

Додека на улиците во Минск протестираат 200.000 демонстранти, на државна телевизија има руски концерт (ВИДЕО)

„Претседателските избори во Белорусија на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер. Доверливите извештаи ја докажуваат победата на Светлана Тихановска. Затоа не го признаваме Александар Лукашенко за избран претседател и го сметаме за персона нон-грата во Европската унија. Му се придружуваме на белорускиот народ во неговото барање за нови и слободни избори”, се наведува во заедничката изјава на европарламентарците.

Лукашенко: Нема да има повторно избори

Партиите на Европскиот парламент ја поддржаа одлуката на Министерството за надворешни работи на ЕУ за поединечни дополнителни санкции против Белорусија и повикаа тие да бидат воведени во најкраток можен рок.

„Ја поздравуваме одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ за „црната листа ” за сите функционери кои се одговорни за насилството и местењето на претседателските избори. Бараме списокот да биде изготвен што е можно поскоро за на лицата кои ги извршиле овие злосторства да им се забрани влезот во ЕУ и да им се блокираат средствата “, се додава во соопштението.

Се огласи ривалката на Лукашенко: Подготвена сум да преземам одговорност и да се однесувам како национален лидер

Пратениците на ЕУ, исто така, ја повикаа Русија да се воздржи од мешање во ситуацијата во Белорусија.

Европарламентарците, исто така, ја осудија употребата на сила против мирните демонстранти и повикаа на итна и транспарентна истрага за сите случаи на насилство врз граѓаните.

„Бараме итно идентификување на сите уапсени пред и по изборната кампања”, се наведува во соопштението.

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Кликнете тука за последните вести од Белорусија и протестите во Минск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот