Лукашенко: Полска и балтичките држави се мешаат во внатрешните работи на Белорусија

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги обвини Полска и балтичките држави дека намерно водат деструктивна политика кон Белорусија и се мешаат во внатрешните работи на земјата.

За време на денешниот видео самит на Организацијата за договор за колективна безбедност, Лукашенко изјави дека Белорусија „е принудена да се соочи со бесрамни обиди за мешање во внатрешните работи на земјата” и изјави дека ова особено се однесува на поттикнување граѓански протести од странство.

– Тие отворено бараат да ја смениме нашата влада, законите и социјалните вредности и се закануваат дека ќе нè уништат со санкции, задушување на економијата и инфраструктурата и поткопување на моралните основи на кои почива белоруското општество, рече Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот