Лукашенко побарал од Путин да ја снабдува Белорусија со оружје

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да ја снабдува Белорусија со оружје.

Тој ова го рече за време на разговорите со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Минск, изјавувајќи дека од Путин побарал неколку нови видови оружје.

Како што пренесуваат странските агенции,  тој не прецизирал какви видови оружје барал.

– Можеме да ја држиме ситуацијата под контрола не само во рамките на нашите граници, туку и по должината на нашите граници, рече Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот