Лукашенко: Нема да дозволам да ја разбијат Белорусија на парчиња и да приредат масакр

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Белорускиот претседател Александар Лукашенко објасни дека на поглаварот на белоруските католици – надбискупот Тадеуш Кондрушевич не му бил дозволен влез во земјата бидејќи „добил одредени задачи во Полска“.

Лукашенко додаде дека „тоа со него сакаат дополнително да го проучат и ако се покаже дека се е чисто и по закон, дека ќе се постапи по закон“.

– Не нè интересира кој е Кондрушевич, дали е главен католик, главен православен или главен муслиман. Мора да се живее по закон“, порача Лукашенко.

Белорускиот лидер во интервју за РТ, во кое практично се обрати до сонародниците, истакна дека му треба одмор, но и мирен живот.

– Не можете да замислите колку сакам да се одморам. Сакам и јас да живеам мирно, човечки. Не е работата во власта, туку во тоа што не сакам да дозволам да ја разбијат Белорусија на парчиња. Нема да дозволам да страдаат чесни луѓе кои ја градеа мојата земја. Тоа, ако овие на улица ја преземат власта, не би било лустрација што некои ја заговараат, туку масакр. Кај нас би било полошо отколку во Украина“, нагласи Лукашенко во дел од интервјуто за РТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот