Лукашенко не се откажува од утрешната парада

А покрај Белорусија, Туркменистан е единствена поранешна советска република во која Денот на победата ќе биде одбележан со парада.

И покрај опасноста која ја предизвикува пандемијата од корона вирусот, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, не отстапува од планираното одржување на свечената парада закажана за 9. мај во знак на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

– Морам да кажам дека не можеме да ја откажеме парадата – едноставно не можеме. Размислував долго на оваа тема. Секако, тоа е емоционална и длабока идеолошка работа, изјави Лукашенко пред неколку дена пред претставниците на владата на Белорусија.

Иако бројот на заразени од корона вирусот во земјата расте, Лукашенко настојува таа опасност да ја намали, игнорирајќи ги при тоа препораките за социјално дистанцирање и другите превентивни мерки, а реакцијата на другите земји на пандемијата ја нарече „корона психоза“, пренесува „Радио Слободна Европа“.

-Подобро е да умреш стоејќи отколку да живееш на колена, истакнал Лукашенко, порачувајќи со тоа дека и покрај пандемијата нема да дојде до целосно затворање на земјата.

Сепак, останува да се види од колкави размери ќе биде утрешната парада во Минск и дали ќе биде дозволено присуство на гледачи, но според зборовите на Лукашенко, на воените ветерани им било препорачано да не присуствуваат на случувањето.

А покрај Белорусија, Туркменистан е единствена поранешна советска република во која Денот на победата ќе биде одбележан со парада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот