Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска најави дека нацртот на новиот устав ќе биде готов до крајот на оваа година, а потоа ќе биде распишан референдум за негово усвојување, јави РИА Новости.
Во Белорусија од 7 август опозицијата одржува протести, оспорувајќи ја валидноста на резултатите од претседателските избори.
Лукашенко, кој е претседател на државата од 1994 година, ги отфрли критиките од неговите политички противници.