Лукашенко: На политичката карта на светот се појави моќна држава, која го предизвика монополот на САД

Лукашенко
Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека САД и Кина водат сериозна битка за преобликување на светот .

– На политичката карта на светот се појави нова држава – моќна, која можеби и не намерно го предизвика монополот на САД. Таа држава е Кина. Тоа е модерна нуклеарна држава. Тие се прават независно – отидоа во Вселената, имаат најсовремено оружје, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека Кина е прва во светот по извоз, а на второ место, веднаш по САД, во производство.

Лукашенко наведе и дека понекогаш има симпатии за американскиот претседател Доналд Трамп, но оти не се согласува со него поради што „војува” со целиот свет.

Белорускиот претседател наведе и дека протестите во САД по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд бее само повод, а не причина за немирите.

– Причина е неспособноста на државата да се избори со пандемијата на коронавирусоот, по што 60 милиони луѓе останаа без работа, а првенствено Афроамериканците, потенцира Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот