Лукашенко: Короната е половина болест – половина политика

Белорусија е една од ретките земји што не воведе карантин или рестриктивни мерки.

За време на пандемијата на новиот коронавирус, се покажа дека ковид-19 се состои половина од болести, а остатокот е политика, рече претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

– Јас останувам на истиот став како порано: ова е повеќе од болест. Болест е само половина, можеби и помалку. Сè друго е политика – истакна белорускиот лидер, а јавува неговата прес-служба.

Лукашенко исто така објасни дека одлуката, да не се запре производството во Белорусија, поради пандемијата, се покажала како исправна, затоа што за разлика од Западот, на тој начин се избегнала невработеноста.

– На богатиот Запад, веќе владее непречена невработеност, луѓето удираат со тенџериња. Фала му на Бога, ние тоа го избегнавме- истакна белорускиот лидер.

Белорусија е една од ретките земји што не воведе карантин или рестриктивни мерки заради пандемија со коронавирусот.

Според најновите податоци, во таа земја се регистрирани 39.858 случаи, додека 219 лица се починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот