Лукашенко ќе го прекине протокот на руска енергија доколку Полска ја затвори границата

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да го прекине протокот на руска енергија доколку Полска ги затвори границите со Белорусија, што може да ги зајакне тензиите меѓу двете земји поради миграцијата.

Белорусија е во конфликт со Европската унија поради мигрантите на нејзината западна граница. ЕУ ја обвинува Белорусија дека донела илјадници луѓе од Блискиот Исток и ги принудува да влезат на територијата на Унијата преку Полска, Литванија и Летонија. Минск ги демантира таквите наводи.

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, пак, истакна дека белоруското аташе за одбрана било повикано откако светилките поставени од полските војници во близина на градот Тереспола биле оштетени од воздушни напади.

– Провокациите на белоруските војници се апсолутно неприфатливи, напиша Блашчак на Твитер.

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша нови прописи со кои и дозволува на Владата да го ограничи пристапот до областите околу границата со Белорусија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот