Лукашенко: Ќе ги повикам руските војници во Белорусија доколку тоа биде потребно

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ANDREI STASEVICH / POOL

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека е подготвен да ги повика руските војници во земјата ако тој потег е неопходен за осигурување на безбедноста на Белорусија и Русија.

Меѓутоа, тој рече дека моментално „апсолутно нема потреба“ да го прави тоа.

Лукашенко наведе дека на минатогодишните антивладини протести одговорил без вмешување на вооружените сили на други држави, но додаде дека „нема да се двоуми“ да ја повика руската војска доколку тоа е неопходно, пренесе државната агенција Белта.

„Велорусија е во состојба брзо да премести 500.000 од сопствениот персонал, но доколку тоа не биде доволно, руските вооружени сили ќе бидат повикани“, рече Лукашенко.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска рече дека Москва не примила официјално барање од Белорусија за праќање на војници. Тој додаде дека таков потег е „возможен единствено после официјално барање од раководството на една земја до раководството на друга земја“.

Русија и вети воена помош на Белорусија и притоа и позајми 1,5 милијарди долари после избивањето на политичката криза во земјата после претседателските избори во август 2020 година.

Видео на денот