Лукашенко бесен на ЕУ: Доколку сакаат проблеми заради санкциите, тоа и ќе добијат

Лукашенко
Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска во разговор со премиерот Роман Головченко изјави дека ако Европската унија сака нови проблеми со воведувањето на санкции за неговата земја, тоа и ќе добие.

-Едноставно ќе кажам за да ме разберете: Ако Европјаните сакаат проблеми заради овие санкции, тие и ќе ги добијат. Веќе ништо нема да кажам. Времето ќе покаже. Само едно ве молам – дајте ми информации за најкрупните европски проекти кај нас и претпријатијата кои се отворени на територијата Белорусија. Да ја видиме нивната работа. Главно е дека ништо нема да остане без одговор, рече Лукашенко, а пренесе Спутник.

Лукашенко праша – на кого му се потребни санкции и зошто?

-Ние ја штитиме државата. Ние, целиот народ, сакаме да живееме во својата земјата. Ние ја браниме. И нас, потоа, заради тоа со санкции не удираат по глава? Заради тоа треба да одговораат – рече претседателот на Белорусија.

Премиерот Головченко после состанокот со Лукашенко изјави дека одлуките за нови контрасанкции ќе бидат донесени во зависност од ситуацијата, додава Спутник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот