Лукашенко: Белоруската и руската армија практично се обединети

Лукашенко ги надгледува маневрите на полигонот Осиповичски - Фотографија ЕПА, Прес-служба на претседателот на Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Минск „целосно ја поддржува” руската војна во Украина.

Тој говорејќи на церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на Минск во Втората светска војна, истакна дека го поддржува нападот на Путин врз Украина „од првиот ден”.

– Денес сме критикувани затоа што сме единствената земја во светот која ја поддржува Русија во нејзината борба против нацизмот. Ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Русија, наведе Лукашенко.

Според него руската и белоруската армија „практично се обединети”.

– Но, вие го знаете тоа. Ќе останеме заедно со братска Русија, истакна Лукашенко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот