Лукашенко: Белорусија во ова тешко време доби поддршка од Русија и Кина

Александар Лукашенко
Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ја истакна поддршката на Русија и Кина во услови на „надворешен притисок врз Белорусија”.

– Во време на надворешен притисок без преседан, Белорусија доби широка поддршка од своите традиционални сојузници, рече Лукашенко.

Според него, Белорусија во ова тешко време добила „најопиплива помош и поддршка од Русија, Кина и други земји”.

– Така уште еднаш се уверивме дека пријателот во неволја е навистина вистински пријател, рече Лукашенко.

За време на владината седница, Лукашенко се осврна на актуелните теми, зборувајќи за натамошниот развој на односите со Русија и Кина и за спроведувањето на договорите постигнати на самитите и за време на посетите на руски претставници на Белорусија годинава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот