Лукашенко: Белорусија е приморана да ги затвори границите со Полска и Литванија (ВИДЕО)

Александар Лукашенко
Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV

Белорусија е принудена да ја затвори границата со Полска и Литванија, како и да ги засили граничните контроли со Украина, изјави денеска претседателот Александар Лукашенко.

-Принудени сме да ги повлечеме војниците од улиците, како што реков, да ја мобилизираме половина од армијата и да ја затвориме државната граница од запад, пред се со Литванија и Полска. Принудени сме да ја зајакнеме државната граница со нашата братска Украина- рече Лукашенко.

Лукашенко ова го рече во време на политичка криза во Белорусија по спорните претседателски избори, за кои опозицијата тврди дека биле наместени, што предизвика масовни протести во земјата.

Лукашенка го обвини Западот за немирите во Белорусија.

Масовните протести на опозицијата во Белорусија започнаа на 9 август, по претседателските избори. Според Централната изборна комисија, на изборите победи Лукашенко со 80,1 процент од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановскаја.

Лукашенко го забрани црвено-белото знаме, но Белорусите му пркосат со долна облека на терасите (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот