Лукаревска во Карпош: Достигнавме рекордно најниска стапка на невработеност

Сања Лукаревска / фото: Архива на Слободен Печат

Транспарентно и отчетно за секој потрошен денар, одговорни сме пред граѓаните, тоа се пари на граѓаните, заедно ги планираме Буџетите, заедно ги креираме проектите, зашто вие најдобро знаете што ви треба, секој избран од граѓаните е одговорен пред граѓаните, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска на трибината во општина Карпош.

„На 17 октомври ја потврдуваме победата и одиме напред со паметен развој, со брз развој, со оддржлив развој, со рамномерен развој, за модерна, хумана, зелена општина, со Најдоброто за Карпош, кандидатот за градоначалник Душко Весковски и советничката листа предводена од Марин Докузовски. Инвестициите и подршката од централната власт стратешки ги насочуваме кон нови работни места и кон повисоки плати, важен е стандардот на граѓаните, важно е секое работно место. На крајот на јуни 2021 е забележана рекордно ниска стапка на невработеност од 15,9% и тоа во услови на глобална здравствена криза, вели Лукаревска.

Според неа локалната економија е двигател на развојот.

Воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси – да сме во постојана комуникација, зашто се важни. Малите бизниси да се развиваат и да ги има во што поголем број – шанса за секого, поддршка за секоја добра идеја, можности за младите луѓе да се реализираат овде, дома“, порача Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот