Лукаревска: Во „европскиот фронт“ вратата е отворена за сите, па и за прогресивните сили во ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Фејсбук

„Уставните измени не треба да бидат предмет на политичка девалвација или уцена од било која политичка партија“, рече потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето на „Алсат“. Секоја политичка партија има свои приоритети и предизвици во рамки на своето политичко функционирање и во своето партиско делување, вели таа.

„Ние имаме концепт на движење на државата напред, бидејќи и покрај уставните измени имаме и реформски процеси во правосудството, во јавната администрација, децентрализацијата… Ајде прво да ги донесеме уставните измени, па потоа сѐ што е останато во рамки на ова што значи демократичност, транспарентност и владеење на правото да го спроведуваме ред по ред“, рече Лукаревска.

Таа додаде дека сме исправени пред државничка одлука која мора да ја искористиме, а се осврна и на „европскиот фронт“.

„Европскиот фронт ќе се зголемува и понатаму, бидејќи друга опција немаме. Можеби Алтернатива имаше незадоволство кога излегуваше од Влада, но никогаш не скршнаа од патот дека нема да ја почитуваат европската агенда. БЕСА беше под плаштот на европската агенда кога бевме заедно на парламентарните избори во 2020 година. Европскиот фронт е отворен за сите, вратите се отворени за сите, па дури и за ВМРО-ДПМНЕ и нивните прогресивни сили“, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот