Лукаревска: Со години лажеа дека тече мед и млеко, не смееме да заборавиме како владееше ВМРО-ДПМНЕ

Влеговме во НАТО, ги отворивме вратите на ЕУ. Има ли погорда земја од нашата?, се обрати вечерва носителката на Изборната единица 2, Сања Лукаревска од трибината во Ѓорче Петров организирана од Коалицијата „Можеме”.

Лукаревска кажа дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години се обврза дека ќе гради мостови и додаде дека граѓаните не смеат да дозволат враќање назад.

-Не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Не смееме да заборавиме како владееше ВМРО-ДПМНЕ. Успеавме да се спасиме, да го урнисаме режимот и да си ја вратиме слободата. Тоа не може да го оспори никој. Денес живееме слободно- се обрати Лукаревска.

Со години лажеа дека тече мед и млеко, потенцираше таа, дека сме први на сите листи.

-Сите ние сведоци бевме на медиумски мрак, на корупција, на криминал, на кршење изборен процес со гласачи од Пустец. Успеавме, го срушивме режимот, и потоа сакаа да се осветат со смрт на 27 април. Не смееме да се вратиме назад! Не смееме да дозволиме обнова на кинески провизии, на тепани студенти, обнова на медиумски мрак, на рушење наместо на градење. Па и тоа што го градеа почна да се распаѓа- рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот