Лукаревска: Секој месец има компании кои ги злоупотребуваат финансиските средства од Владата

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска вечерва посочи дека компаниите немаат никаква можност да не ја исплатат државната помош за исплата на минимална плата, како поддршка за полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот.

Таа во гостувањето на ТВ21 рече дека секој месец има компании кои ги злоупотребуваат финансиските средства од Владата, и покрај апелите што ги посочуваат. Додаде дека доколку не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош, ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата.

– Во самата уредба, а сега и во Законот,точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош, ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата, а исто така ќе треба да се прави и соодветно враќање на средствата. Постојано апелираме да нема злоупотреба, меѓутоа секој месец гледаме дека сепак има одредени компании кои сакаат да направат злоупотреба, рече директорката.

Лукаревска појасни дека УЈП, под лупа го има работењето на фирмите за кои постои сомневање дека во изминатите години не исплатиле минимална плата или барале одредена сума да им биде вратена од работниците.

Како што посочи, се испитува работењето на овие фирми и во однос на нивната даночна дисциплина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот