Лукаревска: Сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби, има весели и задоволни велосипедисти

Сања Лукаревска / фото: Архива на Слободен Печат

Изминатите години покажавме дека знаеме да владееме транспарентно, отчетно, чесно и одговорно и дека секој пат на прво место ни се граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Таа порача дека статистиките и резултатите се на наша страна, а принципот враќање на парите на граѓаните е ќе остане принцип на нашето делување и функционирање.

– И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите, нагласи Лукаревска.

Таа додаде дека СДСМ заштити 100 000 работни места и ги зголеми платите кај 200 000 работници, а сега ја реализираме инвестициската програма којашто тежи 8 милијарди евра.

– Ова е нашата стратегија за успех, напредок, просперитет, кој не води секој пат напред, истакна Лукаревска.

– Тргнавме заедно со вас, за да слушнеме, забележиме, што треба да биде најдобро за сите општини и за Градот Скопје, ги слушаме граѓаните и потоа делуваме, порача Лукаревска пред големиот број присутни граѓани.

Таа нагласи дека повеќе од 4500 проекти се зваршени, повеќе од 2300 проекти се во фаза на реализација и сите овие проекти се дел од победничките програми на нашите градоаначлници.

– Сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби, има весели и задоволни велосипедисти, ние не инвестираме во рѓосани споменици, инвестираме во човечкиот капитал, сакаме заедно да го одбреме најдоброто за нашите улици, за нашите, градинки, училишта, маала за нашата иднина, порача Лукаревска.

Ве повикувам сите заедно сплотени да градиме мсотови, кои ќе не однесат на најдобриот пат, директно кон нашиот најубав град Скопје, ние сме и ќе останеме победници, порача Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот