Лукаревска: СДСМ не копа ровови, туку гради мостови, патишта и врски меѓу луѓето

Носителката на листа во ИЕ 2 од СДСМ и коалицијата „Можеме”, Сања Лукаревска денеска од Општина Бутел порача дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.

Парите, истакна, преку корисни проекти се враќаат кај граѓаните.

-Социјалдемократскиот сојуз не копа ровови, гради мостови, патишта, ги поврзува луѓето. Ќе изградиме нови 950 километри локални патишта. Инвестициите во инфраструктурата, во патиштата, се инвестиции во подобра поврзаност, инвестиции во развојот, инвестиции во нова, развојна македонска економија.  Кога има просперитет, кога има добар живот за сите, нема место за омраза и за национализам. Затоа ќе продолжиме со уште поголемо темпо, сите заедно, рече Лукаревска.
Фокусот, напомена, е насочен кон изградба на нови 500 километри водовод и канализација, за што ќе се обезбедат 100 милиони евра за сите општини.
-Ако не се расфрлаа и трошеа парите на граѓаните како да се туѓи, веројатно Индустриската зона „Визбегово” во општина Бутел немаше толку да чека  на водовод и канализација. Со поддршка на Владата, сега е завршена изградбата на водоводната мрежа во должина од 7,3 километри, а во завршна фаза е изградбата и на канализационата мрежа. Се создаваат подобри  услови за работа на постоечките компании, а се поттикнува интересот и кај други домашни и странски инвеститори, предочи Лукаревска и најави изградба на нови 777 станбени единици на социјални станови во 12 општини, меѓу кои и во општина Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот