Лукаревска: Ромите никој никогаш веќе нема да ги понижува како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ

Градевме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. Имам пријателка Ромка, никогаш не сум рекла дека ќе ја влечам за уши за да гласа како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ на чело со Гордана Јанкуловска кога се изживуваа врз сите. И ако ги правиме разликите за ВМРО-ДПМНЕ вистинската страна е уцени, закани, манипулации заплашувања, за нас вистинската страна е повисоки плати и пензии, пад на невработеноста, да ги задржиме младите тука во државата, рече Сања Лукаревска носителка во ИЕ 2 на граѓанската трибина во Шуто Оризари.

-Се грижиме за ранливите категории на граѓани, ќе изградиме повеќе од 700 социјални станови. Недела ќе биде неработен ден, ќе биде ден за семејството. Децата од семејства со ниски приходи, бесплатно ќе одат во градинка. За 34.000 семејства ќе обезбедиме гарантирана минимална помош! Ќе се борам цврсто да ги задржиме младите овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО ДПМНЕ. Даваме шанса да го развиваме младинското претприемништво со поддршка до 15 илјади евра. Со концептот 50/50 ја сменивме политичката перцепцијата во нашата држава. Ветувам дека и понатаму ќе се бориме за родова еднаквост во нашето општество, но да не заборавиме кој најмногу ни помогна да се исполни оваа наша заложба, претседателот Заев и сите наши партиски колеги- потенцираше Лукаревска.

На 15 јули треба да продолжиме да чекориме напред, истакна таа, кон подобро утре. СДСМ заедно со коалицијата Можеме знае, сака и може да победува!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот