Лукаревска повторно е назначена за директор на УЈП

По констатирањето на оставката на пратеничката Сања Лукаревска од страна на Собранието, вечерва Владата донесе одлука со која Лукаревска ја именуваше за директор на Управата за јавни приходи.

– Со одлука на Владата Фарук Омери денеска е разрешен од должноста в.д. директор на Управата за јавни приходи, а со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи, соопштија од прес-службата на Владата.

Освен оваа одлука на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, Владата донесе одлука Бајрам Реџепи да го избере за член на Одборот на директори на Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности во државна сопственост.

Исто така Владата денеска му предложи на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој да ја именува Моника Јованова за претседател на Управниот одбор на Фондот. Меѓу другото владата денеска го именуваше Фатмир Арифи за в.д. директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот