Лукаревска: Нема економски бенефит од задолжувањето од Унгарија

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема економски план, задолжувањето од Унгарија не носи економски бенефит, за граѓаните само го зголемува долгот над дозволените 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Дејли клик“ на ТВ21.

-Нема економски бенефит од задолжувањето од Унгарија, тоа е политичка одлука, договорена уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. И ова е една небулоза, затоа што се зголемува долгот а не станува збор за некаков економска корист од тоа за граѓаните. СДСМ и во услови на криза успешно менаџираше со буџетот и спроведе политики кои подразбираа постојано покачување на платите, на минималната и просечна плата, зголемени пензии., рече Лукаревска.

Баравме заемот да оди по редовна постапка и да има јавна дебата, а јавноста да биде запознаена со сите информации но власта го донесе набрзина, во една скратена постапка и без дебата, додаде таа.

-Унгарскиот центар за управување со долг објави дека Унгарија зела една милијарда долг од кинеска банка. Ние не знаеме дали е разговарано и со нашите банки. Можеше да се обезбеди задолжување по далеку поповолни услови, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот