Лукаревска: Наша цел е младите да ги задржиме овде во нашата држава, да не бегаат надвор

Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, покажавме дека се грижиме за граѓаните, покажавме дека знаеме кој е најдобриот пат за државата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Важно е секој да гласа за да продолжиме заедно, Влада на ВМРО – ДПМНЕ носи опасност и хаос. Ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики, рече носителката на изборна листа од СДСМ во втората Изборна единица, Сања Лукаревска по посетата на општината Бутел.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари, што е дури 120 отсто повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.  Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните четири години. Најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто. Наша цел е младите да ги задржиме овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО – ДПМНЕ, истакна Лукаревска.

Го развиваме, посочи таа, младинското претприемништво со поддршка од пет до 15 илјади евра, за отпочнување на сопствен бизнис

-Градевме едно општество за сите. За нас разликите се задништво. Заедно покажавме дека знаеме и можеме. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно, додаде Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот