Лукаревска: „Можеме” е модел за напредок на државата

Таа потенцираше дека програмата „Можеме” креира политики со кои се обезбедува одржлив развој.

Носителката од Коалцијата „Можеме” во втората изборна единица Сања Лукаревска, денеска остварува повеќе теренски активности во Куманово, од каде порача дека Владата предводена од СДСМ во изминатите три години целосно се посвети на создавање цврсти основи за сигурна и безбедна иднина на државата.

Таа потенцираше дека програмата „Можеме” креира политики со кои се обезбедува одржлив развој.

– Нашата понуда во програмата „Можеме” за раст на платите и пензиите, за грижа за сите граѓани и за да продолжиме заедно на исправниот пат. Столбовите на коишто ја темелиме нашата понуда е развојот на  македонската економија, на грижата за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните, загарантирана правда за сите, и на продолжување на интегративниот процес во Европската Унија, рече Лукаревска.

Носителката на листа на ИЕ2 се задржа и на состојбата судството и на понудата во програмата „Можеме” во која е и решението за создавање правна и праведна држава .

– Ние имаме јасна визија каква држава сакаме да биде Република Северна Македонија во 2024 година. Држава, во која целосно се расчистени остатоците од режимот во судството. Правосудството еднаш засекогаш мора да се прочисти од корумпираните судии, а и обвинители. И токму затоа започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и на сите обвинители, рече Лукаревска

Лукаревска во Куманово ја посети Соколана еден од првите спортски домови во нашата држава и најави дека во следнио мандат стартува реконструкцијата со што ќе се исполни сонот на многу спортски работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот