Лукаревска: Македонска Каменица е пример дека овозможуваме еднакво општество помеѓу мажите и жените

Сања Лукаревска / Фото: Скриншот/СДСМ

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина” вечерва ја претстави кандидатката за градоначалник на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и советничката листа предводена од д-р Драги Јовановски.

Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска пред присутните истакна дека пред 4 години граѓаните на изборите си ја вратиле слободата, а во секој нареден циклус треба да внимаваат таа слобода која како што рече „скапо ја платиле” да не дозволат повторно да ја изгубат.

-Од 2017 година живееме во демократија, претходно на овие што ни нудат промени и иднина, не смеевме тогаш ни да зборуваме, туку само шепкавме, заокружија со црвени кругови на сите фотпотографии каде и да излезевме, се правеа пристисоци од секаков аспект и затоа пак ќе повторам она што не смееме да го дозволиме е да ни се врати режимот од „белата палата, рече Лукаревска.

За потпретседателката на СДСМ вчерашниот податок дека после 20 години се реализирал успешен попис е доказ дека сите можат да кажат дека веќе постојат реални бројки со какви и колку граѓани располага државата.

-Тоа е најбитен сегмент бидејки бевме единствена држава која немаше спроведено попис и затие скептици и тие кочничари и блокатори и покаѓавме дека нашата дрѓава е спремна за вакви потези и ова претставува ветер во грб за нашата држава. Над 1,8 милиони граѓани се попишани, ќе ги имаме резултатите во месец март, меѓутоа во тој поглед она што го имавме зацртано со нашите коалициони партнери тоа и го остваривме, подвлече Лукаревска.

Градиме едно општество за сите со тоа што овозможуваме еднакво општество помеѓу мажите и жените, а Македонска Каменица е општина каде граѓаните ја имаат една од ретките ентузијастки која бара втор мандат затоа што ги реализираше сите проекти, а граѓаните мора да и дадат шанса за да добие уште еден мандат, порача Лукаревска во својот завршен говор пред каменичани повикувајки ги да ја поддржат Стаменкова и Советничката листа од коалицијата „Најдоброто за мојата општина” на претстојните локални избори.

Извор: МИА

Видео на денот