Лукаревска: Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните, платите и пензиите ќе продолжат да растат

Носителката на ИЕ 2, Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво.

-Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми. Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ! Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %- рече Лукаревска.

На граѓаните им е доста од националистичка реторика, рече Лукаревска, тие сакаат решенија за реалните проблеми.

Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар.

-Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните! Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до 34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %. Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот