Лукаревска и Каевски од Струга: Преку Мој ДДВ скенирани над 10 милиони сметки – Слободен печат
ВестиЕкономија

Лукаревска и Каевски од Струга: Преку Мој ДДВ скенирани над 10 милиони сметки

Лукаревска истакна дека со упорност и јасна цел, а тоа е подобар живот за сите граѓани, мерка по мерка до крајот на мандатот се што е ветено пред граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ ќе биде остварено.

Членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска придружувана од претседателот на СДММ Дарко Каевски, претседалката на ОО на СДСМ, Струга Соња Стојкоска и други членови на СДСМ учествуваше на маалска средба со граѓаните во Струга.

Лукаревска истакна дека со упорност и јасна цел, а тоа е подобар живот за сите граѓани, мерка по мерка до крајот на мандатот се што е ветено пред граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ ќе биде остварено.

Мерката Мој ДДВ со досега скенирани над 10 милиони фискални сметки со повеќе од 5 милијарди направен промет, ја потврдува заинтересираноста на граѓаните за неа.-рече Лукаревска.

Таа потенцираше дека  Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за сите граѓани, а тоа го потврдува ангажираноста во сите сектори.

Аграрните реформи  донесоа низа поволности за земјоделците, како зелената нафта каде земјоделците добиваат 30 отсто поевтина нафта, мерките наменети за младите земјоделци од која се ослободени од давачки првите три години и транспарентната распределба на земјоделското земјиште, посочи Лукаревска.

Во изминатиот период, СДСМ како партија предводник на промените, донесе низа мерки кои го унапредуваат квалитетот на животот на младите.Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите,преку која ги намалуваме трошоците за транспорт, едукација и рекреација на младите, истакна претседателот на СДММ, Дарко Каевски.

Каевски додаде дека досега околу 2.700 млади ги користат поволностите на младинската картичка преку попусти во над 430 субјкети, која освен што носи заштеда и помали трошоци го унапредува социјалниот живот и развој на младите.

Маалските средби со граѓаните се начин да се слушнат нивните ставови и сугестии со цел да се најде решение за сите предизвици со кои се соочуваат.

СДСМ продолжува со непосредните средби со граѓаните низ целата држава, што воедно стана начин на редовно функционирање на партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close