Лукаревска: Ги обезбедуваме работните места, им помагаме на компаниите и на вработените

Само за месец мај околу 21 илјади компании и 5 800 самостојни вршители на дејност се корисници на финансиката поддршка за исплата на плати, истакна Лукаревска.

Со конкретни мерки за секоја категорија граѓани и во услови на здравствена криза ги поддржуваме граѓаните и компаниите. Ги видовме резултатите на дело. Задоволство е да се види напредокот на компаниите, корисници на економските мерки со коишто ги поддржуваме и така ги чуваме работните места во време на криза предизвикана од Ковид 19. Фирмата која што произведува флекери и пешкири е една од корисниците на мерката-исплата на минимална плата за месеците мај и јуни. Работат со многу елан, задоволни што во време на криза  нивното производство е поддржано од државата и работниот процес продолжува да се одвива без застој, рече носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска, на средбите во општина Ѓорче Петров.

Нагласи дека финансиската поддршка за  исплата на минимална плата им помага на компаниите во време на тешката глобална здравствено – економска криза да ги зачувува работните места.

Само за месец мај околу 21 илјади компании и 5 800 самостојни вршители на дејност се корисници на финансиката поддршка за исплата на плати, истакна Лукаревска.

– Заедно ги надминуваме економските последици. За тие на  кои најмногу им се потребни, обезбедивме финансиска поддршка преку платежни картички. Покажавме дека се грижиме за сите граѓаните. Градиме развојна економија. Градиме праведно, едно општество за сите. Можеме уште повеќе и уште подобро, затоа на 15 јули, излезете и гласајте за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ, гласајте за опцијата која носи сигурност – порача Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот