Лукаку: Во 10 минута ќе има прекин на натпреварот Белгија – Данска!

Фото: EPA-EFE/Anatoly Maltsev

Денеска од 18.00 часот ќе се игра и вториот натпревар од групата „Б“ на Европското првенство, репрезентацијата на Данска на стадионот во Копенхаген ќе игра против моќната Белгија.

Во текот на вчерашниот ден Русите успеаја да дојдат до минимална победа над Финска со голот на Миранчук непосредно пред паузата во Санкт Петербург.

Белгијците во првото коло ја совладаа убедливо Русија со 3:0, додека Данците стартуваа со неочекуван пораз од Финците и сега ќе мора да одат по потешкиот пат до осминафинале.

Најголемата опасност од Белгија ќе доаѓа од Ромелу Лукаку кој веќе има два гола на ЕП, овие селекции се сретнаа во 2020 година во Лигата на нации и двапати славеа Белгијците.

Воедно како што се најавува, на натпреварот помеѓу Белгија и Данска ќе биде прекинат во 10-та минута со цел играчите да му оддадат почит на Кристијан Ериксен со аплауз од една минута.

Оваа информација ја потврди белгискиот напаѓач Лукаку. Фановите планираат големи овации за Ериксен во 10-та минута, бидејќи тој ја носи „десетката“ на својот дански дрес.

– Ќе ја исфрлиме топката за да застанеме, ќе аплаудираме и одбележиме овој момент – рече Лукаку.

Ериксен е во болница во Копенхаген каде се опоравува од срцев удар што го имаше на мечот против Финска во првото коло на Евро 2020 против Финска.

Фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

ФОТО: Ериксен од болница со силна порака до соиграчите – „Играјте за цела Данска“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот