Лукаку: Серија А е технички и тактички подобра од Премиер лигата

Белгиецот во новата сезона има големи амбиции со Челси/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку вели дека италијанската лига е тактички подобра од англиската, но Премиер лигата е посилна во поглед на интензитетот.

После освоената титула со милански Интер, по вторпат во неговата кариера се пресели во редовите на Челси за 115 милиони евра и очекувањата се големи.

– Не зборувам за лични амбиции, но тие се совпаѓаат со амбициите на клубот. Челзи сака да победи, да расте и да доминира со англискиот фудбал и Европа. Тоа е нешто што го сакав и сега сум тука, така што останува на мене да помогнам во исполнувањето на тој потенцијал – рече Лукаку за клупската веб-страница.

Лукаку беше во дресот на „сините“ и пред 10 години како тинејџер, но тогаш не се наметна. Во меѓувреме, тој беше во Вест Бромвич, Евертон, Манчестер јунајтед и Интер.

– Италија е тактички и технички подобра лига, но тука во Англија сета игра се сведува на интензитет. Тоа е она што ја прави разликата, но нема проблем за мене затоа што играв осум години и знам како стојат работите. Многу добро знам што да очекувам. Ја знам лигата, постигнав многу голови во неа, но минатото е минато и сега гледаме напред – вели Лукаку.

Неговиот трансфер во Челси е најскапиот трансфер на играч кој ја напуштил Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот