Лукаку се враќа во Лондон, Интер ја прифати понудата на Челси

Белгиецот повторно во дресот на лондонските „сини“/Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку по две години поминати како член на Интер, се враќа во Премиер лигата, откако италијанскиот шампион ја прифати понудата на Челси тешка 115 милиони евра, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Една од најголеми трансфер сапуници во летниот преоден рок е на добар пат да го добие конечниот епилог бидејќи управата на Интер и покрај противењето на навивачите, ја прифати богата понуда од Челси.
Двете екипи дојдоа до компромис, Интер првично бараше 120 милиони евра, додека Челси беше подготвен да понуди 110 милиони.

Ромелу Лукаку последните две сезони беше најдобар играч на Интер и на 72 натпревари во сите конкунреции постигна 47 голови и е најзаслужен за освоената титула во Серија А изминатата сезона.

Лукаку во Челси доаѓа на инсистирање на менаџерот Томас Тухел кој разочаран од игрите на Тимо Вернер минатата сезона, побара од управата да му ангажира елитен напаѓач по што изборот падна на белгискиот репрезентативец.

Челси не е непознат клуб за Лукаку бидејќи токму „сините“ беа првиот тим на Белгиецот кога ја започна интернационалната кариера во 2011 година. По Челси, Лукаку играше и за Евертон и Манчестер јунајтед од каде се пресели во Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот