Лукаку реален: Барселона не е ПСЖ

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Екипата на Барселона оствари минимален триумф на гостувањето на „Олд Трафорд“ во првиот четвртфинален натпревар но навивачите веруваат дека може да се повтори случајот со ПСЖ. Во осминафиналето ПСЖ на првиот натпревар славеше со 2:0 на „Олд Трафорд“ но во реваншот фудбалерите  на Манчестер јунајтед се надминаа и славеа со 3:1 со што си обезбедија дуели со Барселона.
За разлика од навивачите, фудбалерите на англискиот тим се пореални и сметаат дека ги очекува неверојатно тешка задача во реваншот на „Камп Ноу“.

– Мора да имаме поголема самодоверба во реваншот. Ќе мора да создаваме многу повеќе шанси и да играме со поголема желба за триумф. Дали ќе се пласираме понатаму? Ќе биде многу потешко бидејќи Барса не е ПСЖ – реален е напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот