Лукаку пред дербито: Ибрахимовиќ е шампион, на исто ниво како Роналдо!

twitter/TrakFootball

Белгискиот интернационалец вели дека целосно нормално што шведската ѕвезда може да игра во така висока форма и на 38 години.

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку вели дека Златан Ибрахимовиќ е на ниво на Кристијано Роналдо кога е во прашање работната етика.

Лукаку и Ибрахимовиќ беа соиграчи во Манчестер јунајтед, а в недела во дербито „Дела Мадонина“ ќе бидат ривали.

Белгискиот интернационалец од минатото лето ги брани боите на Интер, а Швеѓанецот оваа зима ги засили редовите на Милан.

– Ибрахимовиќ е шампион, многу го почитувам. Во Манчестер можев да тренирам секој ден со него и тоа беше најубавото нешто за мене. Ќе биде убаво да се игра против него, тој е голем шампион и професионалец. За мене целосно нормално што тој може да игра така и на 38 години. Голем работник, секогаш ми даваше совети кога игравме заедно. Тој е на исто ниво како Роналдо – рече Лукаку кој досега во дресот на „неро-аѕурите“ постигна 16 голови во 22 натпревари.

Миланската пресметка ќе се игра в недела (9 февруари) од 20.45 часот на „Џузепе Меаца“.

На табелата во најсилното италијанско фудбалско првенство Интер е на втората позиција со 51 бод, три помалку зад водечкиот Јувентус, додека „росонерите“ се дури на осмото место со 32 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот