Лукаку не се најде во авионот за Норвешка

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

„Црвените ѓаволи“ влегуваат во финишот од подготовките за новата сезона, менаџерот Оле Гунар Солскјер повика 26 имиња за контролната пресметка.

Повторно во центарот на вниманието е Лукаку кој не се најде на списокот. Белгискиот напаѓач се наоѓа на „мета“ на врвен италијански клуб.

Станува збор за Интер чии преговори наскоро би требало имаат завршница, иако се поврзува и со трансфер во италијанскиот шампион Јувентус.

Во неделата објави една слика со својот агент на социјалните мрежи и така додатно уште повеќе ги загреа најавите за негово заминување од „Олд Трафорд“.

View this post on Instagram

Soon to be continued? @fedepastorello

A post shared by Romelu Lukaku (@romelulukaku) on

На списокот за дуелот против Кристиансунд се наоѓаат: Де Геа, Грент, Ж. Переира, Ромеро, Дало, Џонс, Линделоф, Рохо, Шо, Смолинг, Туанзебе, Ван-Бисака, Јанг, Фред, Гомес, Џејмс, Лингард, Мата, Матиќ, МекТоминеј, А. Переира, Погба, Чонг, Гринвуф, Марсијал, Решфорд.

Мечот ќе се игра в недела од 19.00 часот, а на претходните тест мечеви славеше Јунајтед против Перт Глори (2:0), Лидс (4:0), Интер (1:0) и Тотенхем (2:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот